Регион 12. октомври 2018. / 09:42

Тачи: Имам поддршка од Макрон за договор за корекција на границите

Тачи: Имам поддршка од Макрон за договор за корекција на границите

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека добил поддршка од францускиот претседател Емануел Макрон за што поскорашно постигнување правно обврзувачка спогодба меѓу Косово и Србија со можност за корекција на границата.

„Тоа подразбира вклучување на Прешево, Медвеѓа и Бујановац кон Косово“, изјави Тачи за косовските медиуми.

Според него, таквото сценарио „ќе отвори сигурна евроатлантска перспектива за Косово“ и нема да ги зема во предвид ограничувањата врз основа на етничката припадност, туку врз база на мултиетничноста на Косово