Регион 04. април 2019. / 11:41

Тачи и Вучиќ тајно се состанале во Рим

Тачи и Вучиќ тајно се состанале во Рим

Пратеник од Демократскиот сојуз на Косово, Вјоса Османи изјави дека постојат потврдени докази дека претседателот на Косово, Хашим Тачи и претседателот на Србија, Александар Вучиќ тајно се сретнале во Рим, пишува приштинскиот весник „Коха“.

Претседателот како што знаете имаше неколку тајни состаноци со Вучиќ, вкучително и во Рим, што е потврдено во разни контакти. Тој и самиот потврди, но некако информацијата исчезна, истакна Османи.

Тачи рече дека состанокот се случувал без камери, но претседател на држава не може да има такви тајни состаноци со претседател на држава која ја оспорува вашата државност, рече Османи.