По денешната средба со специјалниот пратеник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, косовскиот претседател Хашим Тачи објави дека со гостинот разговарал за достигнувањата на Косово, со посебен акцент на политичката зрелост која се докажала на последните избори.
Во објава на Фејсбук, Тачи ја нагласи посветеноста на Косово за градење на мирот во регионот.
– Со Мет Палмер, пратеникот на Стејт Департментот за Западен Балкан, разговаравме за достигнувањата на Косово, со посебен акцент на политичката зрелост која се докажа на последните избори. Косово е партнер на Соединетите Американски Држави во градењето на опстоен мир во нашето општество – објави Тачи.
Me Mat Palmer, të ngarkuarin e State Departamentit për Ballkanin Perëndimor, biseduam për të arriturat e Kosovës, me…
Posted by Hashim Thaçi on Петок, 01 ноември 2019
Пред средбата со Тачи, Палмер во Амбасадата на САД ги прими премиерот во оставка и лидер на Алијансата за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај, лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Иса Мустафа и доскорешниот претседател на косовското Собрание, лидерот на Демократската партија на Косово (ПДК), Кадри Весели.
Од лидерите на поголемите партии единствен кој не се сретна со Палмер е Албин Курти, за кого неговата партија, Движење Самоопределување (ВВ) соопшти дека се наоѓа надвор од земјата, во посета испланирана претходно.