Регион 23. септември 2018. / 22:59

Тачи и Харадинај отпатуваа за Њујорк

Тачи и Харадинај отпатуваа за Њујорк

Претседателот на Косово Хашим Тачи и премиерот Рамуш Харадинај отпатуваа за САД каде ќе учествуваат на зеседавањето на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Како што соопштија од неговиот кабинет, Тачи заедно со сопрубата ќе бидат дел од приемот кој во ОН ќе го приреди претседателот на САД Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп.

Косовската делегација, составена од претседателот, премиерот и министерот за надворешни работи Беџет Пацоли, во Њујорк ќе оствари многубројни билатерални средби со шефовите на државите.