Косовскиот претседател, Хашим Тачи преку објава на Фејсбук го поздрави најавеното отворање на авиолинијата Приштина – Белград, оценувајќи дека тоа претставува „чекор напред во напорите за нормализација на односите меѓу Република Косово и Србија“.
– Секако дека овој настан претставува нов чекор во нашите напори за нормализирање на односите меѓу Република Косово и Србија. Затоа, од името на државните институции и на нашите граѓани, им изразувам длабоко признание на амбасадорот на САД во Берлин Ричард Гренел и советникот за национална безбедност на претседателот Трамп, Роберт О‘Брајан, за нивниот придонес за овој договор, кој се очекува да го олесни слободното движење на луѓето и стоките во иднина, напиша Тачи.
Претходно, генералниот директор на косовскиот ААЦ, Есат Бериша изјави дека денешниот настан претставува нов чекор напред во заложбите на косовските институции „за целосна нормализација на воздушниот простор на Косово и отворање воздушни коридори со сите околни држави“.
Авионскиот сообраќај меѓу Приштина и Белград е прекинат пред повеќе од 20 години, односно на крајот од војната во 1999 година.