Регион 02. декември 2020. / 10:16

Тачи го бранат пет адвокати

Тачи го бранат пет адвокати

Поранешниот косовски претседател Хашим Тачи на судењето во Специјалниот суд во Хаг ќе го бранат пет адвокати, пишува Коха.

Специјализираниот совет во вчера објави документ со кој се одобрува ангажирање на дополнителни адвокати за Тачи.

Него ќе го бранат Софи Менегон, Дејвид Хупер, Дустид Паласка, Самуел Блум Купер и Пјер Ричард Проспер.

Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи поднесе оставка од функцијата откако Специјалниот суд го потврди обвинението против него за воени злосторства.

Тачи одговара по 10 обвиненија за воени злосторства и злосторства против човештвото. Покрај него на обвинението на Обвинителството се наоѓаат и Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими.