Регион 11. март 2020. / 18:52

Светска банка ќе издвои 20 милиони долари помош за БиХ за спречување на корона вирусот

Светска банка ќе издвои 20 милиони долари помош за БиХ за спречување на корона вирусот

Претседавачот со Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија ги запозна премиерите на Република Српска, Радован Вучковиќ и на Федерацијата БиХ, Фадил Новалиќ дека Светска банка е подготвена финански да и помогне на БиХ со 20 милиони долари за спречување, откривање и санирање на последиците од појава на корона вирусот.

Финансиските средства во износ од 20 милиони долари ќе бидат наменети за поддршка во следење на болеста, зајакнување на интервенциите на јавното здравство и соработка со приватниот сектор за да се намали влијанието врз економијата, соопштено е од кабинетот на претседавачот со Советот на министрите.

Исто така, се додава и дека тие финансиски средства ќе се користат, мешу другото, и за набавка на тестови, болничка опрема, изградба на медицински објекти за итна помош, како и за помош во храна и друго.