Манастирите во Света Гора, од вчера, па се до 30 март 2020 година, се затворени за посетителите и верниците. Одлуката ја донесоа управните органи, но и на Светата заедница за усогласување со одлуката на грчката Влада за превентивните мерки за спречување на дополнително ширење на корона вирусот.
Како што објавија грчките медиуми, заменик – управителот Аристос Касмироглу конкретната одлука ја доставил до Светата заедница.
Претходно, Светата заедница, што е и највисокиот орган на Света гора на одржаниот состанок, ја прифатила одлуката на грчката Влада што се однесува на затворањето на црквите и сите останати религиозни објекти во Грција.
Одлуката не важи за оние кои работат на полуостровот Атос.