Бројот на заразени со коронавирус во Хрватска денеска порасна на 128, меѓу нив 11 се лекари. Еден од пациентите е во лоша здравствена сосотојба поради што е приклучен на респиратор.
Вчера попладне беше потврдено дека маж во Истра кој починал бил заразен со коронавирус. Неговата сопруга и синот биле исто така заразени. Поради неговата смрт, министерот Берош најави здравствен преглед во болницата во Пула, бидејќи семејството тврди дека нивниот лекар не ги посетил со денови.
Откако беше потврдено дека еден свештеник кој бил заразен со Ковид-19 служел миса неколку дена, властите ги повикаа на изолација сите кои што биле во контакт со него.