Регион 28. мај 2019. / 16:19

Сведоштво на повредените од Зубин Поток: РОСУ пукаа на нас, упаѓаа во домовите и малтретираа жени и деца

Сведоштво на повредените од Зубин Поток: РОСУ пукаа на нас, упаѓаа во домовите и малтретираа жени и деца

Раденко Миловановиќ од Зубин Поток, повреден за време на утринската акција на косовската полиција во тоа место, вели дека припадниците на единицата РОСУ пукале на нив, упаѓале во куќите и малтретирале жени и деца.

-Ме бркаа и пукаа не мене, скокнав од три-четири метри и ја повредив ногата. Тој дојде до мене и продолжи да пука. Беа маскирани, имаа фантомки и беа под полна воена спрема – рекол Миловановиќ, кој заедно со повредениот Бобан Јаничиевиќ биле згрижени во болничкиот центар во Косовска Митровица.

-Едноставно, воена сосојба. Се уништија. Ние бевме голораки, никој на нив не пукаше. Како поставуваваме препреки и се повлекувавме да не можат да поминат, тие се рушеа и палеа. Влегуваа во домовите, малтретираа жени и деца – раскажал Миловановиќ.

Тој додал дека припадниците на РОСУ ги тепале сите што неможеле да избегаат, а седум лица одвеле.