Регион 04. јули 2018. / 19:21

Сведоштво на Едина: Сопругот не ме сакаше, па си го фрлив бебето во река

Сведоштво на Едина: Сопругот не ме сакаше, па си го фрлив бебето во река

На осумнаесетгодишната Едина Кастрати од Црна Гора и е одреден притвор од три дена откако призна дека пред неколку дена го фрлила своето четиримесечно бебе во река. Како објаснување рекла дека со тоа дете не ја сакале ни сопругот, ни татко и.

Обвинителството ќе поднесе кривична постапка против неа за тешко дело – убиство на дете, за кое казната е најамлку 10 години затвор.

Обвинетата до пред една недела живеела со невенчаниот сопруг В.Х. (24) и другиот 18-месечен син. Наводно, тој ја малтретирал и физички и психички. На крај, таа не можела повеќе да издржи.

Кастрати во петокот го наранила бебето и го замотала во ќебе и заминала од куќата каде живеела со децата, невенчаниот сопруг и неговите родители.

-Ми текна на тоа оддеднаш, додека спиеше. Отидов до реката и го фрлив во брановите. Кога видов како плови надолу си заминав, изјавила таа.

Извор за истрагата потврдил дека таа неколку пати бегала од домот на невенчаниот сопруг, затоа што тој се сомневал дека детето е негово, што било и причина за нивните кавги.