Владата во Црна Гора соопшти дека Судот во Стразбур го одбил барањето на адвокатите од Белград за забрана за спроведување на спорниот Закон за слобода на вероисповед, до донесувањето на одлуката на Уставниот суд за уставноста на Законот или до затворање на темелниот договор со СПЦ.
Судот во Стразбур, како што се наведува, го одбил ова барање, за што официјално е известена и Канцеларијата на застапниците на Црна Гора пред Европскиот суд за човекови права.
– Потсетуваме дека уште во 2012 година Црна Гора го доби спорот пред Европскиот суд за човекови права по тужба на СПЦ која бараше рестрикција на црковниот имот во Црна Гора. Судот во Стразбур тогаш ја отфрли тужбата на СПЦ, која се придружи во својство на посредник и Република Србија, како очигледно неоснована и неприфатлива, утврдувајќи дека подносителите на тужбата немале „постоечки имот“ ниту „легитимно очекување“ за враќање на имотот чија рестрикција ја побаруваат, се напоменува во соопштението од црногорската влада.
Најновата одлука на Судот во Стразбур претставува, како што истакнуваат, уште еден доказ дека забелешките кои се изнесуваат на сметка на Законот за слобода на вероисповед исклучиво политички и од идеолошка природа и дека „не се втемелени ниту во домашното ниту во меѓународното право“.