Регион 16. декември 2020. / 10:18

Судот во Хаг води истрага за воени злосторства против 15 лица во Црна Гора

Судот во Хаг води истрага за воени злосторства против 15 лица во Црна Гора

Обвинителството на Судот во Хаг доставило документи до црногорското Специјално државно обвинителство за предметите за воени злосторства за процесуирање на 15 лица.

Како што објави порталот „ЦДМ“, од Хаг соопштиле дека овие истраги се одвиваат во тајност, но навеле дека се работи за тешки злосторства, кои вклучуваат и сексуално насилство.

Според изјавата на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд во Хаг суд, Серж Брамерц, обвинителството ќе продолжи директно да соработува со своите партнери на државно ниво заради поддршка во натамошните истраги и кривичното гонење.

Првиот човек на Специјалниот полициски тим Драган Радоњиќ неодамна во интервју за „Дан“ изјави дека одделението на чие чело се наоѓа по налог на Специјалниот државен обвинител во десет предмети собирало податоци врзани за постоењето сомнение дека е извршено кривично дело воено злосторство.