Регион 24. јуни 2020. / 18:11

Судот во Хаг го обвини Хашим Тачи за воени и злосторства против човештвото

Судот во Хаг го обвини Хашим Тачи за воени и злосторства против човештвото

Специјалното обвинителство во Хаг подигна обвинение против претседателот на Косово, Хашим Тачи и претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели.

Според дел од косовските медиуми, обвиненија се подигнати и против други лица, кои се товарат за низа злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучително убиство, прогони и тортура.

Во обвинението се наведува дека Тачи, Весели и другите осомничени сносат кривична одговорност за речиси 100 убиства.

Во обвинението се наведуваат стотина жртви, меѓу кои и косовски Албанци, Срби, Роми и припадници на други етнички групи, но и политички противници.