Регион 18. декември 2019. / 09:50

Судењето за убиството на Оливер Ивановиќ ќе почне на 30 декември

Судењето за убиството на Оливер Ивановиќ ќе почне на 30 декември

Судскиот процес за убиството на лидерот на Граѓанската иницијатива на Косово (СДП), Оливер Ивановиќ, ќе  почне на 30 декември, соопшти Махмут Халими, еден од адвокатите на осомничените.

Халими за „Косово онлајн“ изјави дека подготвителното рочиште е закажано за 30 декември во 9.30 часот. Тој додаде дека бил во можност да го добие и да го прими обвинението и на српски и на албански јазик во врска со случајот за убиството.

Косовското Специјално обвинителство на 2 декември поднесе обвинение  против шест лица – Недељко Спасојевиќ, Марко Рошиќ, Драгиша Марковиќ, Жарко Јовановиќ, Радета Басара и Силвана Арсовиќ, кои се товарат за вмешаност во убиството на Ивановиќ.

Ивановиќ беше убиен на 16 јануари 2018 година пред неговиот партиски штаб во северниот дел од Косовска Митровица.