Регион 11. август 2018. / 12:44

Страшно: Пар паднал на карпи во Херцег Нови

Страшно: Пар паднал на карпи во Херцег Нови

Момче и девојка од Херцег Нови се здобиле со полесни повреди кога паднале на карпите поради ‘рѓосаната ограда која не ја издржала нивната тежина.

„Тие се во стабилна состојба, со гребнатинки по телото, имаат болки, но повредите се полесни. Момчето има мал прелом на коските на шаката, по што ставана му е лонгета. Имаа доста среќа“, изјави за Радио Јадран началникот на одделението за хирургија Горан Коматина.

Инцидентот се случил кај плажата Војничка бања, на шеталиштетот Пет Даница, вчера попладнето, пишува Вијести.

Дел од оградата каде што се случил инцидентот е ‘рѓосан.