Регион 09. октомври 2019. / 10:30

Столтенберг на средби со Мицотакис и Павлопулос во Атина

Столтенберг на средби со Мицотакис и Павлопулос во Атина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг утре ќе ја посети Атина и во попладневните часови ќе се сретне со претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос и грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, jави дописничката на МИА од Атина.

Столтенберг во Атина ќе пристигне од Италија, а од Грција ќе замине на средби во Истанбул.