Регион 06. февруари 2021. / 20:40

Стигнаа првите дози на вакцината на „Астра зенека“ во Хрватска

Стигнаа првите дози на вакцината на „Астра зенека“ во Хрватска

Во Хрватска пристигнаа првите 16.800 дози на вакцината „АстраЗенека“, која од понеделник ќе се дистрибуира за вакцинација на граѓаните.

Ова е прва пратка, а до крајот на месецот ќе пристигнат повеќе од 150.000 дози, јавија хрватските медиуми.

-Доаѓаат и вакцините на „Фајзер“ и ‘“Модерна“, така што конечно ќе имаме доволно вакцини и конечно ќе можеме да ја започнеме втората фаза од националниот план за имунизација, изјави епидемиологот Ива Пем Новосел, за ХРТ.

Некои европски земји одлучија да не ги вакцинираат постарите од 65 години со вакцината на „Астра зенека“, но во Хрватска велат дека нема потреба од такво нешто.

– Европската агенција за лекови ја регистрираше оваа вакцина за лица постари од 18 години, односно за сите возрасти постари од 18 години. Во клиничките студии, ефективноста на оваа вакцина е 60 проценти во спречување на болеста, вели Управителот на Хрватскиот завод за јавно здравје Крунослав Чупак.