Регион

Стејт департмент: Албанија лидер во перење пари

Стејт департмент: Албанија лидер во перење пари

Според американскиот Стејт департментот Албанија и понатаму останува земја лидер во перење пари. Во извештајот за 2017 година се наведува дека Албанија се уште е во значителен ризик од перење пари, големата корупција и слабите институции.

Како главни извори на „валканите пари“ се споменуваат недозволената трговија со дрога, даночното затајување, криумчарењето и трговија со луѓе.

– Изградбата, посебно во крајбрежните области, деловните проекти и коцкањето, се најпопуларните методи за перење пари во Албанија, се констатира во извештајот.

Исто така, се наведува дека албанските институции не се ефикасни во борбата против перењето пари, што дава можност во оваа змеја лесно да се перат пари.

– Така Албанија, се врати на„перење пари“ земја каде се забележува раст на трговија со дрога и економскиот криминал, а Стејт департментот ја повика официјална Тирана да ја засили борбата против перењето пари и одземањето на незаконски стекнатиот имот.

Реагирајќи на извештајот третата по бројност политичка партија во Албанија, Движењето за социјалистичка интеграција, оценува дека по овој извештај „албанскиот премиер е мртов“.

– Америка кажа. Премиерот ја претвори земјата во гигантска машина за перење пари од криминал. Премиерот до гуша е закопан во организиран криминал со што ја оцрни Албанија како земја каде криминалот ја зафатил политичката власт, Владата и економијата, изјави Петрит Васили, потпретседател на партијата, додавајќи оти дека поминало времето на премиерот (Еди Рама).