Регион 10. јуни 2020. / 13:06

Срушен конакот на црквата Свети Василиј Острошки, СПЦ смета дека е одмазда на црногорската власт

Срушен конакот на црквата Свети Василиј Острошки, СПЦ смета дека е одмазда на црногорската власт

Конакот во црквата Свети Василиј Острошки во близина на Улцињ, утринава е срушен со полициско обезбедување, објавија црногорските медиуми. Надлежните велат дека овој објект бил нелегален и дека ја нарушувал амбиенталната целина.

По налог на инспекциската служба и со асистенција на полицијата, ангажирана за рушење на конакот била фирма од градот Никшиќ.

Свештенството на Српската православна црква (СПЦ) наведува дека ова е одговор на власта во Црна Гора, откако митрополитот Амфилохиј најави литија на 14 јуни годинава.

Владиката Амфилохиј побара од црногорската власт да не го мачи народот и свештенството.

Јас ги повикувам, па нека го направат тоа ако мислат дека на тој начин можат да го излечат овој народ од тој вирус со којшто сме затруени уште од времето на онаа безбожна идеологија – рече г. Амфилохиј.