Регион 09. февруари 2020. / 10:25

Српското собрание одреди најмалку 40% од кандидатите на избори да бидат жени

Српското собрание одреди најмалку 40% од кандидатите на избори да бидат жени

Српскиот Парламент усвои измени и дополнувања на Законот за избор на пратеници и измена на Законот за локалните избори со кои се намалува цензусот и се предвидува меѓу кандидатите најмалку 40 проценти да бидат жени.

Промените предложени од Српската напредна странка го намалуваат прагот од пет на три проценти и воведуваат поконкретни правила за учество на партиите на националните малцинства на изборите.

Српските пратеници го усвоија предлогот на Демократската партија кој предвидува на изборните листа најмалку 40 отсто од кандидатите да се жени.