Регион 11. мај 2020. / 12:16

Српскиот пулмолог Несторовиќ: За сите кои не се во ризична категорија пандемијата за нив е готова

Српскиот пулмолог Несторовиќ: За сите кои не се во ризична категорија пандемијата за нив е готова

Српскиот пулмолог, Бранимир Несторовиќ, вели дека повеќе не е неопходено највисоко ниво на внимателност поради пандемијата на коронавирус, како и дека не верува дека вакцината против Ковид-19 ќе биде направена.

За сите кои не се во ризична категорија може да се каже дека пандемијата за нив е готова, за постарите, тие може уште да внимаваат. Колку долго, не знам, можеби до крајот на мај. Може да носат маска на затворено. Надвор ако се шетаат сами, не им треба маска и заштитна опрема, затоа што ултравиолетовите зраци се убиствени за овој вирус, тоа сега јасно се покажа, рекол Несторовиќ за ТВ Панчево, пренесува „Б92“.

Тој навел дека коронавирусот може да се лекува со светлина и дека сега е важно да се сончаме.

За ризичните групи потребно е уште малку внимателност, уште две – три недели. За сите останати, треба да ги почитуваат мерките, но и не мораат. Сега ќе ви кажам зошто не мораат – сега е фазата на индивидуална одговорност. Ова не е оној вирус од почетокот, неспоредливо е послаб, нема тешки пациенти, на респиратори. Во оваа фаза секој има право да одбере што да прави, рекол пулмологот.

Тој кажал дека сега имаме право да одбереме дали ќе се заразиме. Смета дека вакцината тешко ќе биде направена, затоа што вирусот се менува.

Ги советува постарите да се занимаваат со градинарство затоа што оваа активност смирува.

Се осврнал и на луѓето кои не работеле два месеца, како фризерските салони.

Вработените во државниот сектор земаа плата, а некој кој има фирзерски салон, тој седел дома и морал да плаќа даноци. Не можеме повеќе да чекаме, шансата да се разболите е 0,01 отсто, рекол тој.

„Пандемијата помина, сега е време да се свртиме кон животот“, истакнал Несторовиќ.

Тој кажал и дека молитвата е лековита.

Свештениците се молеле за една група луѓе кои биле болни. Не знаеле ништо за нив, само имиња и дијагноза. На крајот 40 отсто од нив се излекувале“, рекол Несторовиќ.

Од друга страна, пак, епидемиологот Братислав Тиодоровиќ, вели дека граѓаните премногу се опуштиле и рекол дека епидемиолошката ситуација и понатаму е несигурна.

Може да се оцени дека епидемиолошката ситуација и понатаму е несигурна затоа што вирусот е присутен и понатаму имаме локална трансмисија, односно можност луѓето да се разболат“, навел тој и додал дека оценката дека вирусот ослабел е погрешна, пренесува „Новости“.

Тиодоровиќ кажал дека вирусот сега е помалку присутен затоа што има далеку помалку луѓе кои може да го пренесат.