Регион 27. декември 2019. / 11:54

Српскиот патријарх Иринеј: Длабоко сум потресен од случувањата во Црна Гора

Српскиот патријарх Иринеј: Длабоко сум потресен од случувањата во Црна Гора

Српскиот патријарх Иринеј изјави дека е длабоко потресен од актуелните случувања во Црна Гора по повод законот за слобода на вероисповедта или уверувањата и правната положба на верските заедници.

Преку соопштение објвено на нивниот интернет сајт, СПЦ наведува дека патријархот ја искажал својаа загриженост на средбата со новоименуваниот српски амбасадор во Црна Гора, Владимир Божиновиќ.

Иринеј додава и дека „посветено се моли“ на Бога за мир и единство на црногорските државни органи и црковни великодостојници заради доброто на сите народи без разлика на вероисповедта и националната припадност на Црна Гора.