Полицијата во Будва трага по српскиот државјанин Ј.Б., свештеник во СПЦ кој во средата попладне, со шише го удрил 75-годишниот Р. Ѓ. во пицерија.
Сопственикот на пицеријата Војислав Јанјушевиќ седел во локалот со својот пријател Р. Ѓ., а свештеникот во соседниот кафич, пренесуваат српските поратали. Пред инцидентот наводно немало никаква комуникација меѓу нив.
-Седевме на нашата маса и немавме контакт со свештеникот, кој беше во соседниот локал. Во еден момент забележав дека тој станува и ни приоѓа позади грб. Зеде шише и со него удри по главата на Р.Ѓ. Скокнав да му помогнам на пријателот, кој почна да крвари. Свештеникот избега, изјавил Јанјушевиќ.
Тој повикал Брза помош, а полицијата сеуште трага по свештеникот.