Регион 18. септември 2019. / 12:27

Српски ММА борец убиен со нож во Америка

Српски ММА борец убиен со нож во Америка

38 годишниот Саша Перкиќ, ММА борец во Америка каде живееше и работеше, подлегна на повредите нанесени со нож.

Со наслов „Српскиот воин избоден со нож“, неколку портали во САД известија за настанот, без притоа да наведат како дошло до инцидентот и зошто е убиен.

Сепак, потсетуваат дека во јануари 2017 година , Перкиќ ги претепал крадците кои се обиделе да му го украдат автомобилот на еден паркинг, а полицијата преку ДНК од крвта на неговите раце ги лоцираше криминалците.