Регион 22. февруари 2020. / 07:00

Српски фудбалер во карантин поради страв од корона вирус

Српски фудбалер во карантин поради страв од корона вирус

Српскиот фудбалер, кој игра за турски Бешикташ, Адем Љајиќ е префрлен во карантин поради сомнеж дека е заразен со корона вирус.

Причината за одвојувањето на Љајиќ од остатокот од тимот е висока температура. Тој  не бил спосебен да тренира и неколку дена бил од кревет.

Од Бешикташ потврдија дека Љајиќ имал висока температура, но негираа дека се работи за корона вирус. Љајиќ, сепак, ќе биде надвор од тимот за дуелот против Трабзонспор што се игра викендов.

Репрезентативецот на Србија сезонава игра одлично во тимот од Истанбул. На 25 натпревраи на коишто настапи постигна четири голови и седум асистенции.