Регион 16. септември 2018. / 16:31

Српската премиерка Ана Брнабиќ се појави на парадата на гордоста во Белград

Српската премиерка Ана Брнабиќ се појави на парадата на гордоста во Белград

Во Белград денеска се одржува геј парадата-Парада на гордоста, која традиционално се одбележува преку прошетка низ улиците во центарот на главниот град на Србија.

Во поворката, украсена со знамињата на виножито и балони и под силна полициска придружба се и премиерката на Србија Ана Брнабиќ, министрите во Владата на Србија Бранко Ружиќ и Зоран Ѓорѓевиќ, градоначалникот на Белград Зоран Радојичиќ и преставници на дипломатскиот кор.

Министерот Ружиќ истакна дека промовирањето на толеранцијата е обврска на сите, на Владата и на граѓаните, бидејќи „рамноправноста е загарантирана со Уставот и законите”.

Тој додаде дека со измените на Законот за матичните книги е направен исчекор, бидејќи е овозможено промена на полот да се запише во матичните книги.

ЛБГТ заедницата во Србија и годинава има неколку барања, меѓу кои е и законот за истополовите заедници.