Регион 19. ноември 2020. / 16:09

Српската православна црква ја демантираше веста за смртта на патријархот

Српската православна црква ја демантираше веста за смртта на патријархот

Српската православна црква ја демантираше веста за смртта на патријархот Иринеј, наведувајќи дека здравствената состојба на патријархот е непроменета во однос на извештајот објавен утрово.

Српската православна црква го смета за крајно неодговорно и неморално „таквото лажно известување и намерна измама и малтретирање на целата јавност, дури и од одредени црковни личности, како и некои медиуми на кои досега можеше да им се верува“, се вели во соопштението на СПЦ.

Во меѓувреме, некои српски медиуми, меѓу кои и државната агенција Танјуг, попладнево јавија дека здравствената состојба на српскиот патријарх е влошена.