Регион 29. октомври 2018. / 17:42

Српската актерка која беше пронајдена мртва го предозирала и нероденото бебе (ФОТО)

Српската актерка која беше пронајдена мртва го предозирала и нероденото бебе (ФОТО)

Српските медиуми открија страшен детаљ за смртта на актерката Ивана Младовиќ која беше дел од серијата „Село гори баба се чешла“.

Имено актерката била пронајдена мртва во стан на нејзини пријател од предозираност со хероин, додека до неа лежел нејзиниот исто така предозиран свршеник кој бил пренесен во болница и бил спасен.

Според фотографиите кои во мај 2017 година ги објавил нејзиниот свршеник актерката била бремена и тоа во поодмината фаза, а по оваа фотографија на ниту една друга не се познава нејзиниот стомак, ниту се спомнува бебе иако тоа денес би требало да има една година.

Актерката во моментот кога го изгубила бебето се лечела од зависноста од дрога, па затоа тоа не е невообичаена последица.