Пратениците од Српската листа би требало неделава да се вратат во косовската влада, од која излегоа кон крајот на март, пишуваат медиумите во Приштина.
Претходно, српските пратеници ја напуштија владата во знак на протест поради апсењето на директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија и главен преговарач во дијалогот со Приштина, Марко Ѓуриќ.
Претставникот на косовската влада, Халил Матоши, изрази очекување дека Српската листа ќе продолжи со активностите во институциите што поскоро.
„Всушност Српската листа никогаш сосема не ги прекине односите со Владата“, рече Матоши, кој во интервју за „Епока е Ре“ ги негираше тврдењата дека косовскиот премиер Рамуш Харадинај преговара со српската политичка партија со цел да ги убеди под одредени услови да се вратат во Владата.