Регион 18. декември 2019. / 15:13

Српска Листа реагира на изјавата на Тахири: Привикувањето на војна е најопасна опција

Српска Листа реагира на изјавата на Тахири: Привикувањето на војна е најопасна опција

Kоментирајќи ја изјавата на поранешната преговарачка Едита Тахири дека ќе има војна ако Србија не ја признае независноста на Косово, од Српска листа оценија дека ѕвечкањето со оружје и повикувањето на судири е најопасната опција.

Според Српска Листа, на изјавата на Тахири би требало да реагираат сите политички претставници во Приштина, но и меѓународни претставници, посебно КФОР, Еулекс, Европската унија и УНМИК.

– Како во претходните децении да немаше доволно судири, страдања и патење, па Едита Тахири, каков парадокс, зборуваше на собир каде тема беше учество на жените во мировните процеси, повикува на судири, негирајќи можност за изнаоѓање компромисно, одржливо и мирно решение за проблемот на Косово и Метохија – се наведува во соопштението на Српска Листа.

Во соопштението уште се изразува надеж дека изјавата на Тахири ќе наиде на најширока можна осуда, но и дека Обвинителството во Косово ќе почне постапка против неа, бидејќи ги вознемирува граѓаните и поттикнува омраза.