Регион 14. декември 2020. / 12:32

Средните и дел од основните училишта во Хрватска преминуваат на онлајн настава

Средните и дел од основните училишта во Хрватска преминуваат на онлајн настава

Во Хрватска, средните училишта во сите жупании и повисоките одделенија во основните училишта во четири жупании од денеска ќе ја следат наставата преку интернет.

Меѓимурје, Вараждин, Загреб, Осијек-Барања, Вуковар-Срем и Пожега-Славонија веќе имаат часови според моделот Ц во средните училишта, а на нив ќе се приклучат и преостанатите жупании и градот Загреб, јавија хрватски медиуми.

Кога станува збор за основните училишта, учениците од петто до осмо одделение веќе следат настава преку интернет во Вараждинска жупанија, а сега нивните врсници во Истра, Меѓимурје и Приморје-Горски Котар исто така ќе следат настава од дома.