Американскиот амбасадор во Приштина, Грег Делави денеска изрази загриженост поради зачестените барања на косовски Срби за напуштање на безбедносните сили на Косово (ФСК).
Тој порача дека притисоците и заплашувањата од надвор врз Србите припадници на безбедносните сили на Косово мора да престанат.
„Заплашувањата од надвор на припадниците на ФСК се неприфатливи. Различноста на ФСК е модел за земјата. Тоа треба да се слави, а не да се уништува“, напиша Делави на Твитер.