Регион 16. декември 2019. / 20:55

Србин затвореник спречил терористички напад на Чеченци во центарот на Виена

Србин затвореник спречил терористички напад на Чеченци во центарот на Виена

Србин разоткрил и осуетил планови за изведување на терористички  напад во Виена, пишува весникот „Остерајх“.

Весникот пишува дека на основа на анонимен повик им влегла во трага на тројца Чеченци кои наводно планирале да извршат терористички напад на Виена, на плоштадот „Штефанплац“. Централна личност во таа акција е српски државјанин, затвореник во Хиртенберг.

Како што се наведува, полицијата, на основа на добиените информации почнала да ги прислушкува телефоните на осомничените, а податоците кои биле собрани го потврдиле сомнежот.