Регион 23. октомври 2019. / 17:18

Србин од Косово уапсен заради воени злосторства

Србин од Косово уапсен заради воени злосторства

Косовската полиција објави дека денеска уапсила лице од српска националност, осомничено за воени злосторства врз цивилното население во војната од 1998-1999 година во Косово.

Во полициското соопштение се наведува дека апсењето е извршено во една од приштинските населби и дека уапсениот, идентификуван со иницијали Н. А., се сомничи за дело извршено на 21 мај 1999 година во истиот град.

Апсењето е извршено по налог на Специјалното обвинителство на Косово, кое поднесе барање за одредување мерка притвор за осомничениот.