Во предградие на Јоханесбург, Јужна Африка, со 30 куршуми изрешетан е српскиот државјанин Д.К. Неговата сопруга и еден маж се тешко повредени, јавуваат белградските медиуми.
Сопругата на убиениот и мажот, исто така се српски државјани. Тие биле во автомобил на кој пукале засега непознади напаѓачи. Таа се здобила со повреди во пределот на главата, а со хеликоптер биле префрлени во најблиската болница.
На неколку километри одалеченост пронајден е запален автомобил, марка „мерцедес“, пренесуваат „Блиц“ и „Новости“.
Локалната полиција соопшти дека пукањето се случила вчера околу 14 часот по локално време, додавајќи дека во тек е истрага и оти се трага за одговорните за нападот.
-Мотивот за убиството се уште не е познат. Полицијата истражува убиство и обид за убиство, изјави портпаролот на полицијата, капетан Кеј Макубеле.
Тамошните медиуми известуваат дека жртвите биле во автобоил марка „БМВ“, кога патот им бил блокиран од автомобил со тројца осомничени.