Џип марка ,,Тојота“, експлодираше вчера во Белград. Во него загина возачот, одкако најверојатно претходно била поставена бомба активирана со далечински управувач, јавува РТС. Автомобилот експлодирал околу 13 часот додека стоел на семафор на прометна улица кај популарната Автокоманда во Белград, на Јужен булевар.
Експлозија денес во Белград, според очевидците на местото на несреќата во автомобилот има мртво тело, а се работи за Синиша Милиќ.
45-годишниот Синиша Милиќ во Белград загинал во автомобилот марка „тојота” кој експлодирал најверојатно откако бомбата била активирана со далечински управувач или мобилен телефон.
Се претпоставува дека убиството било испланирано до најситни детали. Имено, бомбата била активирана кога тој стоел на црвено светло на семафор и во близина немало други автомобили. Најверојатно со ликвидацијата се сакало да нема и други жртви. Се смета дека бомбата била поставена под седиштето и насочена кон возачот. Милиќ се поврзува со криминална група од Србија и имал дебело полициско досие.