Регион 21. мај 2018. / 17:27

Спречен милионски шверц на цигари од Солун кон Скопје

Спречен милионски шверц на цигари од Солун кон Скопје

Скопје не било крајна дестинација на овие цигари, туку од Македонија тие биле препраќани на нелегалните пазари во Босна и Херцеговина и Чешка. Ова, според мислењето на грчката полиција е направенио за да се избегне данокот за цигари бидејќи пратката била наменета од матичните фирми за наводен извоз, а со тоа целата шверцерска мрежа имала чиста заработка од безмалку пет милиони евра по контејнер.

Канцеларијата на Интерпол од Солун започна меѓународна истрага за шверц на цигари, кој како што дознаваме од грчкото МВР, се одвивал на релација Солун – Македонија. Се претпоставува дека Скопје не било крајна дестинација на овие цигари, туку од Македонија тие биле препраќани на нелегалните пазари во Босна и Херцеговина и Чешка. Ова, според мислењето на грчката полиција е направенио за да се избегне данокот за цигари бидејќи пратката била наменета од матичните фирми за наводен извоз, а со тоа целата шверцерска мрежа имала чиста заработка од безмалку пет милиони евра по контејрнер.

Грчката полиција во започнатата истрага побарала помош од шефовите на полициските служби во Македонија, Србија, БиХ и Чешка. Првичните информации говорат дека во последните 300 дена, токму во пирејскиот пристанишен дел кој е под концесија на кинеска фирма се откриени десетици контејнери полни со разни врсти на цигари. Сите досегашни откриени илегални пратки на цигарите се од марки кои најмногу биле продавани на црниот пазар во земјите од средна Европа.

Последната тура е откриена на 13 минатиот месец. Тогаш се запленети 25,4 милиони цигари без заштитни бандероли, чија цена без акцизната марка на црниот пазар е проценета на 4,9 милиони евра. Станува збор за 15.600.000 цигари од марката „Gold mount“ чиј што производител е фирма со главно седиште во Дубаи. Остатокот, односно 15.600.000 милиони парчиња се од марката „ROYAL BLUE” кој ги произведува позната тутунска фирма од БиХ.