Фратарот педофил од манастирот Свети Фране во Сплит нема да биде процесуиран поради застареност на случајот што ја шокираше јавноста.
Во меѓувреме, во медиумите се јави и жртва на овој свештеник која се согласи во јавност да излезе со полно име и презиме. Целиот случај ја крена на нозе хрватската јавност, посебно зошто постојат оправдани соменија дека црковниот врв знаел за злоделата на својот свештеник. И дека намерно ја заташкувале целата приказна и ја чувале од јавноста и полицијата.
Некој вчера Сплит го излепи со потерници по свештеникот педофил.
„Се бара“, пишува над фотографијата на обвинетиот за сексуално злоставување.
„Се бара поради педофилија, сексуално злоставување, силување и предизвикување на доживотни трауми на десетина сплитски момчиња. Бог нека му прости, ние нема!“, стои под фотографиите кои ги објави Далмација Данас.