Регион 08. февруари 2021. / 13:25

Спасени 60 планинари од планината Сотира во Албанија

Спасени 60 планинари од планината Сотира во Албанија

Група од 60 планинари е спасена во неделата попладне од планината Сотира, на југот на Албанија, во близина на границата со Грција, а едно лице е тешко повредено, објави полицијата на албанскиот град Ѓирокастра.

Повредено е 17-годишно момче кое се лизнало од карпа покриена со снег и е пренесено во болница.

Порталот ABC Albania објави дека младиот човек ја скршил ногата, но дека е надвор од животна опасност.

Полицијата го примила повикот за спасување во неделата околу 15:30 часот, а 60. спасени лица биле од различни градови во Албанија.