Регион 08. јуни 2020. / 20:30

Состојба со Kовид-19 на Балканот

Состојба со Kовид-19 на Балканот

Според последните податоци, во светот со корона вирусот досега се заразени 7.143.501 лица. Од нив починале 407.352, а оздравеле 3.484.718 луѓе.

Нови заразени и починати има и на Балканот.

Србија – Во последните 24 часа во Србија се тестирани 4.308 лица, од кои 73 биле позитивни. Од почетокот на епидемијата се заразени вкупно 11.896 луѓе.

Атина – Од четвртокот до денеска има 97 нови случаи на Ковид-19 во Грција, од кои 30 се лица кои во земјата допатувале  од странство, а 29 се во рамките на масовното тестирање во  поширокиот регион на градот Ксанти. Во овој период има и двајца починати.

Албанија – Во последното денонбоќие извршени се 102 теста, а 17 лица се позитивни за Ковид-19, од кои тројца се здравствени работници. Истовремено оздравени се седум лица со пто вкупно досега се излекувани 945 луѓе од вкупно досега регистрираните 1.263 заразени лица. Во битката со болеста досега животот го загубија 34 пациенти.

Кипар – Кипарското Министерство за здравство објави шест нови случаи на Ковид-19 од 799 тестови извршени во изминатите 24 часа. Вкупниот број на заразени со корона вирус се зголеми на 970 лица.

Хрватска – Според најновите податоци за епидемиолошката состојба во Хрватска, денеска нема појава на новозаразени со вирусот, така што вкупниот број остана непроменет, односно 2.257. Досега се тестирани 68.866 лица, од кои 126 во последните 24 часа. Вкупниот број на заразени е 2.128, а вкупниот број на починати е 104.

Приштина– Бројот на активни заразени со Ковид-19 на Косово се зголеми на 313, откако во изминатите два дена вкупно 76 лица биле позитини на тестирањата. Во истиот период се оздравени 14 лица. Од избувнувањето на епидемијата, заразени се 1.234 луѓе, излечени се 890, а 31 починаа.