Регион 14. август 2019. / 13:03

Сореца: Албанија е на крајот на почетокот, а не на почетокот на крајот од пристапувањето во ЕУ

Сореца: Албанија е на крајот на почетокот, а не на почетокот на крајот од пристапувањето во ЕУ

Шефот на делегацијата на Европската унија во Албанија, Луиџи Сореца, изјави дека Албанија е на „крајот на почетокот, а не на почетокот на крајот“ на нејзиното пристапување во ЕУ, цитирајќи дел од говорот на Винстон Черчил од 1942 година.

Во интервју за „Евроњуз“, Сореца рече дека и Албанија и Северна Македонија имаат отворени прашања за владеење на правото кои го забавуваат патот кон ЕУ.

Одлуката во октомври е важна за земјата, но и за ЕУ, бидејќи е во прашање и кредибилитетот на процесот на проширување. Засегнатите страни како Албанија или Северна Македонија доволно ги исполниле своите обврски кон Европската комисија, но ајде да кажем доволно напредок за отворање преговори, а не за да станат членки на ЕУ. Како што знаете, Винстон Черчил велеше дека „ова е крајот на почетокот а не почеток на крајот – изјавил Сореца.

Европскиот амбасадор смета дека е постигнат голем напредок во Албанија, но дека има области во кои албанската администрација треба да продолжи да работи, како што се борбата против корупцијата, организираниот криминал и изборните реформи.

Според него, потребна е секојдневна работа за спроведување на реформската агенда пред одлуката на Советот на ЕУ во октомври за отворање пристапни преговори со Албанија.