Регион 20. април 2019. / 22:02

Сопругата на Милошевиќ, Мира Марковиќ погребана во Пожаревац

Сопругата на Милошевиќ, Мира Марковиќ погребана во Пожаревац

Мира Марковиќ, вдовицата на поранешниот претседател на Сојузна Република Југославија и хашки осуденик, Слободан Милошевиќ, беше погребана денеска во Пожаревац.

Урната со пепел е закопана под липа во дворот на семејната куќа, каде што во 2006 година беше погребан и Слободан Милошевиќ.

Според медиумите, дворот бил полн со луѓе кои биле таму за да и оддадат почит, свештеници од епархијата одржале опело, а урната е спуштено во земја со руската песна Подмосковски вечери.