Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во централниот дел на Косово.
Според косовските медиуми, најверојатно настраданите лица се членови на едно семејство, три деца и нивните родители.
Несреќата се случила околу 13 часот на магистралниот пат Сува Река-Дуље кога се судриле автобус и патничко возило марка БМВ.