Одбраната на Ивица Тодориќ плати милион евра кауција, па според тоа осомничениот поранешен сопственик на „Агрокор” наскоро би можел да биде пуштен на слобода, објави „Телеграм“.
Минатата недела Окружниот суд во Загреб му одреди гаранција од милион евра на Тодориќ како услов за излегување од истражниот затвор.
Во првиот момент, одбраната тврдеше дека Тодориќ нема толку пари, но до сега очигледно успеал да го собере целиот износ и да го уплати во готово.