Регион 11. јуни 2020. / 12:51

Со еврообврзница Хрватска се задолжи за две милијарди евра

Со еврообврзница Хрватска се задолжи за две милијарди евра

Хрватска се задолжи на меѓународниот пазар на капитал со две милијарди евра колку е вредна успешно реализираната еврообврзница со каматна стапка од 1,5 отсто и рок на доспевање во 2031 година.

Заеднички агенти при издавањето на еврообврзницата се Ванка ИМИ/Стопанска банка Загреб, „Барклиз“, „Дојче Банка“ и „Џи-Пи Морган“.

Неодамна и Македонија ја издаде седмата еврообврзница. Преку овој финансиски инструмент, земјава се задолжи 700 милиони евра со каматна стапка од 3,675 отсто и рок на доспевање во 2026 година.