Регион 03. декември 2019. / 12:05

(ВИДЕО) Мигрантите во БиХ започнаа штрајк со глад поради нехумани услови

(ВИДЕО) Мигрантите во БиХ започнаа штрајк со глад поради нехумани услови

Од утрово во кампот Вучјак близу Бихаќ во Босна и Херцеговина владее драматична ситуација бидејќи мигрантите одбиваат вода и храна во знак на протест заради нехуманите услови во кој престојуваат.

Снегот кој од утринава паѓа мигрантскиот живот го направи уште потежок.

Под тежината на снегот неколку шатори во кои престојуваат мигранти се срушени што автоматски значи дека некои останале и без студениот покрив над глава, пренесува Кликс, чии репортер го посети кампот Вучјак каде престојуваат близу 600 мигранти.


Кога утринава храната пристигна во кампот, брзо беше вратена бидејќи мигрантите се одлучија за штрајк со глад додека не им бидат осигурани достоинствени услови за живот, пренесува порталот.

Во кампот пристигна и комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ која порача дека кампот Вучјак мора да биде затворен уште денеска зошто условите се катастрофални.

Мигрантите порачуваат дека се потешко се носат со студеното време и ужасните животни услови и дека се загрижени како ќе ја преживејат зимата доколку многу брзо не се обезбеди адекватен животен простор, посебно за големиот број деца и жени.