Поради корона вирусот Словенија ги забранува слетувањата на авиони кои доаѓаат од ризичните подрачја, соопшти министерката за инфраструктура Алека Братушек, која појасни дека ова е само една од мерките за да се спречи ширањето на вирусот.
Оваа забрана ќе важи само за патничките авиони, додека оние кои се карго, кои носат пошта или аеродромите во Словенија им се бази, за нив нема да важи забраната.
Претставници на концесионерот на аеродромот Брник крај Љубљана, соопштија дека почнуваат да ги спроведуваат наредбите на Советот за национална безбедност и со термални камери ќе се проверуваат сите патници.
– Досега за корона вирус во Словенија тестирани 1.643 луѓе, а заразени се 31 лице.