Регион 29. март 2020. / 10:26

Словенија регистрираше прв случај на Ковид-19 кај затвореник

Словенија регистрираше прв случај на Ковид-19 кај затвореник

Во затворот Доб во Словенија е регистриран првиот случај на коронавирус кај затвореник во земјата.

Мажот има благи симптоми и е изолиран, пренесува СТА.

Управата на затворот соопшти дека заразениот затвореник имал контакт со околу 20 лица и дека сите биле изолирани.

Затворите во Словенија воведоа строги мерки за спречување на епидемијата на вирусот и повеќето посети се забранети.

Новите законски одредби што стапуваат во сила денеска ќе им овозможат на директорите на затворите да одложат некои казни или да ги ослободат затворениците порано, во обид да ги заштитат затворениците од Ковид-19.