Регион 23. март 2020. / 14:08

Словенија издаде упатства за третман на отпадот од заразени и изолирани лица

Словенија издаде упатства за третман на отпадот од заразени и изолирани лица

Отпадот од луѓето заразени со корона вирус и од оние за кои постои сомневање дека се заразени, спаѓаат под посебен режим, се вели во соопштението објавено во понеделникот од словенечкото Министерство за животна средина, и овој отпад во никој случај не треба да се отстранува во контејнери за био-отпад.

За сите оние за кои е потврдено дека се заразени, како и за оние за кои постои сомневање дека имаат „Ковид-19“, правилата за уредување и сортирање на отпадот во домаќинствата не важат до сега. Ова се однесува на нивните лични предмети, особено материјалите за еднократна употреба, како што се марамчиња за хартија, нараквиците и маските, а исто така и за отпадот по чистењето на нивните простории, како што се крпите за еднократна употреба.

-Таквите производи треба да се стават во пластична кеса која е цврсто стегната или запечатена, а потоа да се стави во дополнителна торба и да се чува најмалку три дена, соопшти словенечкото Министерството за животна средина.

Овој материјал потоа се става во општински сад за мешан отпад, а не во посебни контејнери за сортирање отпад, за да се спречи понатамошно ширење на инфекцијата.

-Ова значи дека хартиените марамчиња направени од разградлива целулоза не смеат да се фрлаат, на пример, во контејнери за био отпад, стои во упаството на Министерството за животна средина.